НАТО разгледува опции за да се вклучи во обезбедувањето вакцини, вели адмирал Бурк

од Nikola Popovski
390 прегледи

„Тоа е тема за која се размислува и разгледува во Брисел и на политичко и на воено ниво. Минатата недела беа одобрени дополнителни, а можностите за произведување исто така се зголемуваат. Разгледуваме неколку опции, незнам која ќе биде избрана, но се работи динамично на тоа бидејќи ја разбираме ситуацијата на сите земји, а и сфаќаме колку е тоа важно за вас“, изјави американскиот адмирал Робер Бурк, првиот човек на Командата на НАТО во Неапол при посетата на Скопје, на новинарско прашање дали постои начин НАТО да се приклучи во озбезбедувањето вакцини.

Бурк ја посети земјава, токму на првата годишнина од зачленувањето во Алијансата, со државниот врв разговарал што и како Северна Македонија може да придонесе во идниот период во услови кога и самото НАТО се прилагодува на новите предизвици и закани.

Слични содржини