НАТО: Русија се подготвува за долга војна, мора да ја поддржуваме Украина се додека е потребно

од Stefanija Kuzmanovska
107 прегледи

Русија се подготвува за долга војна, па НАТО мора да биде подготвен „на долги патеки“ и мора да ја поддржува Украина онолку колку што е потребно, изјави заменик генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Мирча Џоана.

Говорејќи во Брисел на собирот на воените команданти на европските земји, Џоана рече дека земјите од НАТО мора да инвестираат повеќе во одбраната, да го зголемат воено индустриското производство и да искористат нова технологија во подготовка за идните војни.

Со оглед на тоа што руската војна во Украина се приближува на првата годишнина, шефовите на НАТО се очекува да размислат како сојузниците можат да ја подобрат испораката на оружје, обуката и поддршката за Украина во наредните месеци и како земјите-членки можат да ја подобрат сопствената одбрана.

„Немаме индикации дека целите на рускиот претседател Владимир Путин се сменија“, рече Џоана, истакнувајќи дека Русија мобилизирала повеќе од 200.000 дополнителни војници.

„Затоа мора да бидеме подготвени за долги патеки, а 2023 година ќе биде тешка година и мора да ја поддржуваме Украина онолку колку што е потребно“, додаде тој.