Русија ќе остане главна закана за НАТО на долг рок дури и во случај ако заврши украинскиот конфликт, изјави генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Марк Руте.
Тој, исто така, рече дека Алијансата ќе продолжи да обезбедува воена поддршка за Киев со помош на воената команда во Визбаден и претставништвата во Киев кои се занимаваат со координација на испораката на оружје.
Во исто време, Руте ги поддржа напорите на САД да се договорат за прекин на огнот, но ги поздрави и сите напори на европските земји да испратат воен контингент во Украина.
Додаде дека НАТО има намера да ја вооружи Украина по завршувањето на конфликтот за „Русија во иднина да не добие ниту еден квадратен километар територија“.
Американскиот државен секретар, Марко Рубио на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Алијансата во Брисел изјави дека Вашингтон останува лојален на НАТО, а другите земји ветиле дека ќе ги исполнат барањата на САД за зголемување на воените трошоци.
Како што рече, сите земји имаат намера „побрзо и повеќе“ да го произведуваат сето потребно оружје за одбранбени цели.
„Европа и Канада мора да преземат поголема одговорност за одбраната и да ги зголемат трошоците. Консензусот е дека во услови кога светот станува се поопасно место, потребата за НАТО се зголемува“, рече Рубио.