222
Во текот на 2023 година, руски воени авиони повеќе од 300 пати ги пресретнале воздушните сили на НАТО, соопшти денеска Алијансата.
„Поголемиот дел од воздушните „средби“ меѓу НАТО и руските авиони беа безбедни и професионални. Нарушувањата на воздушниот простор на НАТО беа ретки и главно краткотрајни“, соопшти НАТО, додавајќи дека повеќето од пресретнувањата се случиле над Балтичкото Море, пренесе Ројтерс. .
Портпаролот на НАТО Дилан Вајт изјави дека борбените авиони на НАТО се на повик 24 часа на ден и се подготвени да пресретнат сомнителни или ненајавени летови во околината.