НАТО силите: Подготвени сме да интервенираме доколку се загрози стабилноста на Косово

од Stefanija Kuzmanovska
298 прегледи

Косовската полиција синоќа соопшти дека се слушнало пукање на неколку локации на северот на Косово и дека се пукало во правец на полицајците, но дека нема повредени, откако премините Јариње и Брњак беа блокирани во пресрет на новите најавени мерки.

Откако вечерта се огласиле сирените на северот на Косово, Србите таму со камиони го блокирале главниот пат во близина на преминот Јариње, во општина Лепосавиќ, јави Радио Слободна Европа, а пренесува агенцијата Бета.

КФОР: Ја следиме ситуацијата, подготвени сме да интервенираме

КФОР објави дека безбедносната ситуација на северот на Косово е тензична, и дека силите на КФОР се подготвени да интервенираат доколку се загрози стабилноста.

КФОР е меѓународна мировна сила под водство на НАТО алијансата. Задачата на КФОР е да го зачува редот, мирот и да создаде безбедност на Косово по војната на Косово.

„Севкупната безбедносна ситуација во северните општини на Косово е напната, а мисијата на КФОР внимателно ја следи и е подготвена да интервенира доколку е загрозена стабилноста, во согласност со нејзиниот мандат што произлегува од резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“, стои во соопштението на КФОР.

Се наведува и дека командантот на КФОР е во контакт со сите релевантни соговорници, вклучително и претставници на косовските безбедносни организации и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија.

Слични содржини