Натпреварот помеѓу репрезентацијата на Русија и Парагвај е откажан

од Симе Стоиков

Пријателскиот натпревар меѓу Русија и Парагвај, кој требаше да се одигра на 25 март, беше откажан поради терористичкиот напад во Москва.

Поради тешката ситуација, откажувањето на натпреварот беше единственото можно решение.

Организаторите на средбата излегоа со соопштение во кое истакнаа дека остануваат отворени средбата да се одржи подоцна во годината.

Тие додадоа и дека на навивачите кои купиле билети ќе им бидат вратени парите.

Ден пред терористичкиот напад Русија во пријателски натпревар ја совлада репрезентацијата на Србија со 4:0.

Слични содржини