Безбедноста на граѓаните на интернет ќе се зголемува со повеќедимензионална соработка на институциите, најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски откако институциите затворија канал на социјална мрежа Телеграм поради забележана форма на дигитална небезбедност на лични податоци. И приватниот сектор ќе се интегрира во поголема мрежа за унапредување на сајбер безбедноста.
-Секакви софтвери може да имаме, основна работа во делот на сајбер безбедноста е меѓусебна размена на информации. Помеѓу институциите, но не само помеѓу нив, туку и оние кои што увидат дека нешто се случува да го пријават. Овој случај навистина мислам дека имавме брза реакција. Но нормално тоа не е доволно. Одиме на следен чекор ние ја дефинираме нашата критична инфрастрктура. Тоа не се однесува само на државните институции, туку го опфаќа и приватен сектор и поставуваме систем на сајбер заштита што оди преку национален центар за компјутерски инциденти кој е веќе воспоставен на кој што треба да му ги зголемиме капацитетите, рече Манчевски.
Тој додаде дека постои национална стратегија за сајбер безбеност во таа насока.
-За да можеме да имаме поорганизирана одбрана на овие критични системи, клучен дел е во националната стратегија за сајбер безбедност и меѓусебна размена на информации. Во таа насока го формиравме Национален совет за сајбер безбедност во кој членуваме МИОА, МВР Министерството за одбрана во тело кое има експертска група која на дневна основа ги следи состојби и региара ако се случува нешто, рече министерот.
На новинарско прашање кога ќе започнат да одат на работа 900 административци кои сега седат дома и земаат плата министерот Манчевски потенцира дека во текот на 2020 година тој процес ќе биде завршен. Една од причините се и бирократските процеси.
-Тие беа 1600, значи значително е намален бројот. И јас се нервирам со административните постапки и процедури, но тоа се административни постапки и процедури кои треба да се почитуваат. Со формирањето на новото Министерство за политички систем и односи на заедници овој процес се интензивриа и јас сум уверен дека за рок од некој месец нема да се прави муабет за било каков поединец. Се работи на тоа процесот да се елиминира, рече Манчевски.