Околу 2.300 припадници на Националната гарда ќе останат на Капитол Хил уште два месеци за да ја заштитат зградата на Конгресот, објави Пентагон.
Како што објави Гласот на Америка (ВОА) денес, на Капитол Хил моментално има 5.200 припадници на Националната гарда, а тие се таму од 6 јануари, од упадот на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп во Конгресот.
Околу Конгресот има и високи метални огради и бариери подигнати по немирите.
„Одлуката е донесена по детално разгледување на таквото барање и проценка на подготвеноста на Националната гарда“, се вели во соопштението на Пентагон.
Како што се додава, во следните два месеци, припадниците на Пентагон ќе работат со полицијата во Капитол Хил, која исто така побара од Националната гарда да остане со Конгресот се додека дозволуваат условите
Сепак, некои одбранбени службеници кои останаа анонимни велат дека нема разузнавачки информации што би го оправдале присуството на Националната гарда во Капитол.
Повеќе од 300 лица се обвинети за немирите во Конгресот на 6 јануари, во кои беа убиени пет лица.
Иако постоеше страв дека нападот врз Конгресот ќе се повтори на 4 март, само мал број приврзаници на теоријата на заговор „QAnon“ се собраа во Капитол.