Владата на Република Северна Македонија, денеска ќе ја одржи редовната 117-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
-Владата денеска ќе ја разгледа и ќе ја стави на усвојување и Националната стратегија за вработување 2021-2027 година со вклучен Акциски план за вработување.На дневниот ред на оваа седница, меѓу другото, е Информацијата за напредок во имплементацијата на Вториот проект за подобрување на општинските услуги заклучно со септември 2021 година.На предлог на Министерството за надворешни работи, денеска пред министрите ќе се најде и Предлог-законот за ратификација на договорите меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини, како и Предлог-законот за ратификација на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за црноморска економска соработка, соопштија од Влада.