Националниот регистар на вистински сопственици нова алатка во борбата против перењето пари

од Берта Китинска
362 прегледи

Од денеска е во функција Националниот регистар на вистински сопственици. За три месеци сите фирми ќе треба да ги дадат податоците за вистинските сопственици.

Новооснованите компании имаат рок од 8 дена да ги запишат во новиот национален регистар на вистински сопственици.

Финансиската злоупотреба, даночното затајување и перењето на пари се дел од причините зошто е потребен овој регистар, рече вицепремиерот Љупчо Николовски.

-Целта на Регистарот е да навлезе длабоко во сопственичката структура на правните субјекти за транспарентно да објави кој е тој што реално профитира од работата на компаниите во нашата земја скриен зад комплексната слоевита правна структура, рече Николовски.

Преку националниот регистар државата добива алатка за борба против перењето пари и финансирањето тероризам, а податоците ќе бидат јавно достапни.

Слични содржини