Научници: 5 причини зошто треба да пиете чаша црвено вино дневно

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Години наназад во разни истражувања, но и „меѓу народот“ се зборуваше дека чаша црвено вино после ручек има свои здравствени придобивки. Како што се дознава, стручниот медицински тим кој стои зад порталот WebMD потврди дека една, само една чаша црвено вино има добар ефект врз телото.

Црвеното вино има свои здравствени придобивки, но само ако се консумира во минимални количини. Во чаша вино од 150 ml има 125 калории, а виното содржи мали количини на витамини и минерали, вклучувајќи железо, калциум, калиум и фосфор.

Ова се дел од благотворните ефекти на црвеното вино врз организмот, пишуваат експерти од порталот WebMD.

Контрола на крвниот притисок

Антиоксидансите во црвеното вино можат да го намалат крвниот притисок. Неколку студии потврдија дека кај лицата со благо покачен крвен притисок, по консумирање на црвено вино, тој се намалува. Научниците велат дека полифенолите во виното се одговорни за овој ефект.

Здравје на срцето

Иако се потребни потемелни истражувања, претходните студии покажуваат дека црвеното вино е добро за здравјето на срцето со тоа што помага да се намали ризикот од акумулација на штетни наслаги во артериите.

Намалување на ризикот од рак

Ресвератролот, полифенол во црвеното вино, има антиинфламаторни и антиоксидантни својства и може да го намали ризикот од рак преку спречување на растот на канцерогените клетки. Иако се потребни дополнителни студии за да се потврди овој ефект, претходните истражувања за ресвератролот во виното го покажаа неговиот ефект врз подобрувањето на кардиоваскуларниот систем.

Намалување на ризикот од Алцхајмерова болест

Полифенолите од црвеното вино го спречуваат формирањето на протеини кои произведуваат токсични соединенија кои ги уништуваат мозочните клетки. Полифенолите исто така можат да ја намалат токсичноста на постоечките соединенија, а со тоа да го ублажат когнитивниот пад и со тоа да го намалат ризикот од Алцхајмерова болест.

Намалување на ризикот од дијабетес

Голема студија покажа дека умереното консумирање алкохол со оброците, особено виното, може да го намали ризикот од дијабетес тип 2.

Потенцијални здравствени ризици од црвеното вино

Додека некои истражувања ги покажуваат здравствените придобивки од консумирањето црвено вино, треба да се има на ум дека тоа со себе носи одредени ризици и секогаш постои опасност да станете зависни од алкохол. Пред да почнете да уживате во црвеното вино, имајте на ум дека тоа може да предизвика алергии кај некои луѓе, дека не смеете да го пиете за време на бременоста и ако страдате од гихт. Исто така, алкохолот е строго забранет за секој со оштетување на црниот дроб, може да влијае на зголемување на телесната тежина, а прекумерното консумирање алкохол е поврзано со појава на рак на органите на дигестивниот тракт.

Ако сакате да консумирате црвено вино, секогаш прво консултирајте се со вашиот лекар.

Слични содржини