Во студија во која учествувале 32 тинејџери и 22 тинејџерки, научниците дошле до неверојатно откритие.
Родителите кои имаат тенденција да ги критикуваат своите деца често не сфаќаат дека им прават многу повеќе штета отколку корист.
Група невронаучници од Универзитетот Питсбург, Калифорнија-Беркли и Харвард одлучија да истражат како родителската критика влијае на тинејџерите, особено на нивниот мозок. Во студија во која учествувале 32 тинејџери и 22 тинејџерки, научниците дошле до неверојатно откритие.
Истражувачите се фокусирале на три специфични мозочни мрежи во мозокот на тинејџерите, области кои претходно биле поврзани со обработка на негативни емоции, области вклучени во регулација на емоциите и таканаречени нервни области вклучени во разбирањето на перспективите на другите луѓе.
Тие набљудувале колкава активност имало во овие области кога тинејџерите ги слушале нивните родители, особено нивните мајки, како ги критикуваат, во споредба со тоа кога ги слушале нивните мајки како зборуваат за „неважни“ работи како купување намирници. Тие, исто така, погледнаа дали некои промени во активноста на мозокот продолжиле потоа.
Како што покажале резултатите, кога тинејџерот ќе ја слушне критиката на родителот, неговиот мозок буквално се исклучува на неколку моменти. Поточно, кога слушале критики, мозокот на тинејџерите покажувал поголема активност во областите вклучени во негативни емоции, но и значително намалена активност во регионите вклучени во размислување, емоционална контрола и заземање на туѓото гледиште.