Научници тврдат дека откриле нова боја која досега никој не ја видел

од Nikola Popovski
211 прегледи

Тим од научници тврди дека открил нова боја каква што човечкото око досега не видело, пишува Би-Би-Си. Истражувањето е спроведено по експеримент во кој американските научници насочувале ласерски импулси директно во очите на учесниците.

Стимулирајќи одредени клетки во мрежницата, учесниците, според нивните сопствени тврдења, забележале сино-зелена боја која научниците ја нарекле „оло“. Сепак, некои експерти тврдат дека постоењето на новата боја е под знак прашалник. Резултатите се објавени во списанието „Science Advances“ во петокот, а коавторот на студијата, професорот Рен Нг од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, ги опиша како „извонредни“.

Нг и неговите колеги веруваат дека резултатите би можеле да помогнат во понатамошно истражување на далтонизмот. Професорот Нг, еден од петте учесници во експериментот, изјавил за „Би-Би-Си Радио 4“ во саботата дека оло е „позаситена од која било боја што можете да ја видите во реалниот свет“.

„Замислете цел живот да гледате во ништо друго освен розова, нежно розова, пастелно розова“, рекол тој. „И тогаш еден ден доаѓате на работа и некој носи кошула со најинтензивната розова боја што сте ја виделе и вели дека е нова боја и се вика црвена“.

За време на експериментот, научниците насочиле ласерски зрак во зеницата на едното око на секој учесник. Во истражувањето учествувале пет лица, четворица мажи и една жена, сите со нормален вид за боја. Тројца од нив, меѓу кои и професорот Нг, учествувале како коавтори на истражувањето.

Според научниот труд, учесниците погледнале во уред наречен Оз, кој се состои од огледала, ласери и оптички уреди. Опремата била претходно развиена од истражувачки тимови од универзитетите во Беркли и Вашингтон, а потоа прилагодена за оваа студија.

Слични содржини