Научниците алармираат: Рекордна концентрација во атмосферата на три гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина

од Vladimir Zorba

Нивоата на трите најважни гасови што ја заробуваат топлината во атмосферата повторно достигнаа нови рекорди минатата година, потврдија американските научници, нагласувајќи го ескалирачкиот предизвик што го носи климатската криза.

Глобалната концентрација на јаглерод диоксид, најважниот и најзастапениот од стакленички гасови што се емитуваат од човековата активност, се зголеми на просечни 419 молекули на милион во атмосферата во 2023 година, додека метанот, моќен, но пократкотраен стакленички гас, се зголеми до 1.922 молекули од милијарда.

Нивото на азотен оксид, третиот најважен стакленички гас, малку се зголеми на 336 молекули на милијарда.

Зголемувањата не се совпаѓаат со рекордните скокови забележани во последниве години, според Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA), но тие сè уште претставуваат голема промена во составот на атмосферата дури и од пред само една деценија.
Со согорување на фосилни горива, одгледување животни и расчистување на шумите, глобалните нивоа на CO2 сега се повеќе од 50 проценти повисоки отколку што беа пред ерата на масовната индустријализација.

Метанот, кој доаѓа од извори кои вклучуваат екстракција на нафта и гас и сточарство, се зголеми уште подраматично во последниве години, соопшти НОАА, и сега има атмосферски концентрации за 160 отсто повисоки отколку во прединдустриското време.

НOAA соопшти дека зголемувањето на нивото на стакленички гасови се должи на континуираната употреба на фосилни горива, како и на влијанието на шумските пожари, кои исфрлаат чад полн со јаглерод во воздухот.

Азотниот оксид, пак, е зголемен поради широката употреба на азотни ѓубрива и интензивирањето на земјоделството.

Зголеменото присуство на стакленички гасови поттикнува зголемување на глобалната температура, што предизвикува поплави, суши, топлотни бранови и шумски пожари.

Слични содржини