Британските научници ја открија претпоставената личност на Банкси – најмистериозниот уличен уметник во светот, пишува “Индипендент” (Independent).
По методот на географско профилирање кој се користи при анализата на местото на престап, стручњаците од колеџот “Квин Мери” на Лондонскиот универзитет (Queen Mary, University of London) успеале да достигнат до анонимниот Банкси. Истражувањето на научниците ја потврдува издигнатата уште во 2008 година верзија според која зад псевдонимот Банкси се крие Робин Канингам (Robin Gunningham) – кој дипломирал на училиштето во Бристол. Авторите на студијата избрале 140 наводни дела на уметникот по улиците на Лондон и Бристол, кои обликуваат акумулација на “жариштата” за понатамошно изучување.
Појаснуваат дека има корелација со баровите, стадионите и адресите, кои кореспондираат со местата каде што живеел или често се појавувал Канингам. Банкси е еден од најбрилијантните претставници на светскиот стрит арт. Тој е познат по тоа што не ја анонсира појавата на дела, многу тесен круг луѓе знаат како изгледа неговата личност.