Американски научник нарече нов вид рамен црв паразит кој живее во крвта на желките, Baracktrema obamai во чест на претседателот на САД Барак Обама, соопштува телевизијата CBC News.
“Тој е долг, тенок и исто толку јак”, рече проф. Томас Плат од колеџот Сент Мери во Индијана, објаснувајќи ja својата одлука да го крсти паразитот по американскиот претседател.
Научникот со децении ги проучувал вирусите кај желките. Проф. Плат истакна дека откриените порано од него микробиолошки видови тој ги крстил по свои пријатели и роднини, вклучувајќи на дедо си.
Идејата да крсти црв паразит по 44-иот претседател на САД се појавила откако дознал дека е далечен роднина на Обама – шести братучед.
“Тоа е чест”, рече Плат, мислејќи на именувањето на “Единствените суштества на планетата Земја” со имиња на луѓе. Според податоците на весникот “Ел Еј Тајмс” научникот ќе му испрати на Обама копија од својата научна статија во која го објавил своето откритие. Белата куќа не го коментирала случајот, наведува весникот.