281
Сајмон Луис, професор по наука за глобални промени на Универзитетскиот колеџ во Лондон, рече дека човештвото треба да се подготви за посериозни топлотни бранови во иднина.
„Ова е само почетокот. Тоа е она што климатскиот систем може да го направи со само 1,2 степени Целзиусови затоплување. Сегашните глобални политики не водат до затоплување од 2,7 степени Целзиусови до 2100 година. Тоа е навистина страшно“, предупреди Луис, пренесе „Скај њуз“.
Според него, општеството ќе мора да се прилагоди на екстремните температури.