НАУЧНИКОТ КОЈ ГО НАПРАВИЛ „НОВИЧОК“: Состојбата на Навални доказ дека не бил отруен со оваа супстанца!

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Излегувањето на Алексеј Навални од кома, потврдува дека тој не бил отруен од „новичок“, изјави денска рускиот научник Леонид Ринк, кој директно учествуваше во изработката на таа воена супстанца.

Ринк за „Спутник“ изјави дека исклучува дека Навални бил отруен, бидејќи нема никакви симптоми.

„Дури и да беше искористена концентрација 400 пати помала од смртоносната доза, тој ќе излезеше од кома, но ќе имаше миоза (стеснување на зеницата на окото). Овде нема такви симптоми“, објасни Ринк.

Според него, „новичок“ е направен за да го замени нуклеарното оружје на бојното поле и има 100% стапка на смртност.

„Значи, тоа не беше „новичок“, истакна Ринк.

Рускиот опозиционер Алексеј Навални денес излезе од вештачка кома во болницата „Шарита“ во Берлин.

На 2 септември германската влада, повикувајќи се на лабораторијата во Бундесверот, објави дека Навални е отруен со супстанца од групата хемиски воени отрови „новичок“.

Руската страна ги негира овие обвинувања и бара конкретни податоци од болницата во која се лекува Навални.

Слични содржини