Научниците во Камбоџа откриле соеви на коронавирус чиј идентитет на нуклеотид е 92,6 проценти сличен на САРС-КоВ-2 кај примероците на потковички лилјаци собрани уште во 2010 година, се вели во студијата на порталот за медицински истражувања „БиоРкив“.
Лилјаците генерално се сметаат за главен природен резервоар на САРС коронавирусот. Постојат примероци од архиви, собрани низ годините. До денес, најблиското совпаѓање до новиот коронавирус е пронајден во примероци на лилјаци од југоисточната кинеска провинција Јунан, кои беа 96,2 проценти идентични со САРС-КоВ-2.
Кога избувна пандемијата, научниците истражуваа 430 архивирани примероци собрани од шест семејства лилјаци и две семејства предатори. Пет примероци содржеа бета-коронавируси (betaCoV), а два од нив потоа беа позитивни на тестот RT-kPCR, кој открива РНК-зависна РНК полимераза на вирусот.
И двата примерока биле собрани од лилјаци во североисточната камбоџанска провинција Стунг Тренг, според истражувачите.
Научниците подлежија два примерока на РНК на метагеномско секвенционирање и открија дека геномот на двата е 92,6 проценти идентичен со САРС-КоВ-2.
Фактот дека вирусите биле откриени во лилјаци надвор од Кина може да укаже на поголема географија за потеклото на коронавирусот отколку што се сметаше претходно, стои во истражувањето, заклучувајќи дека потрагата по потекло треба да се прошири низ Југоисточна Азија.