Лицата кои примиле вакцина против ковид неколку дена пред и по вакцинирањето, треба да се воздржат од алкохол, бидејќи тоа може да го намали имунолошкиот одговор на организмот на вакцината, предупредуваат британските експерти
Имено, алкохолот го менува составот на микроорганизмите кои живеат во цревата, и тие играат значајна улога во спречување на инвазијата на бактерии и вируси. Конзумирањето алкохол резултира со оштетување на имуните клетки во крвта или белите крвни клетки, вклучувајќи ги и лимфоцитите, чија главна улога е да го штитат организмот од бактерии, вируси, габи и паразити, како и од туѓи тела кои ги преминуваат природните бариери на кожата и мукозните мембрани.
Познато е дека алкохолот негативно влијае на аденовирусите и липидните честички што се користат како вектори за пренос на генетскиот материјал на вирусот САРС-КоВ-2.
Експериментот е спроведен со споредување на примероци од крв од луѓе кои биле вакцинирани, пред и по пиење три чаши „Просек“. Намалувањето на бројот на лимфоцити, како последица на пиење алкохол, исто така може да ја намали ефикасноста на имунолошкиот одговор на организмот.
– Вашиот имунитет мора да биде најдобар, во согласност со вашата возраст и здравствена состојба, за да реагирате добро на вакцината – сметаат научниците. – Значи, ако пиете ноќта пред вакцинацијата или кратко време, резултатот нема да биде како што треба.
Кај возрасните, лимфоцитите сочинуваат приближно 20 до 40 проценти од вкупниот број на бели крвни зрнца и повеќето од нив се во централните лимфни органи, ткиво кое содржи голем број на лимфоцити и разни други клетки и тие ги обезбедуваат условите неопходни за развој и активирање на лимфоцитите. Тоа се слезината, крајниците и лимфните јазли во кои започнува имунолошката реакција на нашиот организам.
Руски официјални лица на почетокот на декември објавија дека не е препорачливо да се консумира алкохол откако биле вакцинирани со вакцината Спутник В скоро два месеци пред да се заштити, додека британските научници велат дека се препорачува да се остави алкохол три дена по приемот на двете дози, што е вообичаено за вакцинацијата воопшто.