Научниците ги објавија 20-те најпогодни планети за вонземски живот

од Vladimir Zorba

Астрономите објавија листа на 20-те најпогодни планети кандидати за создавање на “втора Земја” и ако сакаме да најдеме живот надвор нашиот сончев систем, тогаш тие се најдобра шанса за човештвото.4977947

Првите 20 планети се избрани од листа со над 4.000 други небесни тела, составени од мисијата на НАСА “Кеплер”, пишува научното списание “Сајанс алерт”.

“Ова е целосниот каталог на сите откритија на” Кеплер “, кои се во  зона на своите ѕвезди”, изјави Стивен Кејн од универзитетот во Сан Франциско, кој учествува во изготвувањето на листата.

“Ова значи дека ние може да се фокусираме на планетите во оваа листа и да оствариме понатамошни студии за да дознаеме нешто повеќе за нив, вклучувајќи и дали се во зоната погодна за живот”, додаде тој. Мисијата “Кеплер” откри вкупно 4706 кандидати за екстрасоларните планети. Од нив 216 се наоѓаат во рамките на т.н. “погодна зона” на своите сонца, каде што условите би биле технички погодни за постоење на течна вода на површината.

Од нив научниците ги избрале оние кои имаат најпогодни услови за живот и би се доближувале што е можно поблиску до животот на Земјата – соодветната близина на својата ѕвезда, тврда површина и слична на планетата големина.

“Има многу ограничени ресурси за истражување на атмосферата на овие планети и од таа причина погодната зона се користи за да се изберат оние кои имаат најголема шанса за присуство на течна вода на површината”, рече уште Кејн. Во моментов тимот од истражувачи работат на собирање на повеќе детални информации за основните 20 претендентки, бидејќи, за да се одржи животот на нив треба да има, освен сè друго и соодветеб сооднос на хемиски елементи како водород, кислород, железо и други.

Слични содржини