Гасеница, која ги уништува посевите, позната како памучен црв се шири многу брзо во Африка и може да стигне и во тропска Азија и Медитеранот во следните неколку години, предупредуваат научниците. Тоа би ја загрозило трговијата со земјоделски производи, пренесува Ројтерс.

Истражувачите од Меѓународниот центар за земјоделство и бионауки во Велика Британија тврдат дека штетникот, кој до неодамна не бил распространет надвор Америка, се очекува да се шири “низ Африка”. Гасеница уништува пченкарен култури.
“Мислиме дека е дојдена преку трговијата. Сака пченка, но не само неа, а и други посеви “, тврди агроном и специјалист за инвазивни видови д-р Џани Вос.
Инвазија веќе има во Замбија, Зимбабве, Малави и Јужна Африка. Организацијата за храна и земјоделство алармира минатата недела дека гасеница се проширила и во Намибија и Мозамбик.
Памучниот црв главно ја напаѓа пченката, но се храни и со уште над 100 видови различни растителни видови, меѓу кои ориз, шеќерна трска, зелка, цвекло и соја. Вос предупреди дека инвазии може да имаат катастрофални последици за земјоделците и повика на итни мерки за поддршка на земјоделците, за да се најде најдобрата стратегија за справување со штетникот.
Министерството за земјоделство на Јужна Африка минатата недела рече дека регистрира пестициди против памучен црв.