Научниците направија откритие кое може да го промени светот

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Создадоа  исклучително лесен и здрав материјал кој наликува структура на коските и дрвото

Научниците откриле нов начин за создавање на лесни и исклучително здрави материјали кои се слични по структура на коските и дрвото, пишува британскиот весник The Independent .

Научниците користеле метод за 3D печатење, за да создадат магла од мали капки сребро, преку која ќе се изгради структурата.

Идејата всушност е земена од природата. Процесот може да биде спореден со ретка појава во некои африкански пустини, каде магли содржат сулфурни испарувања кои бавно формираат кристално “пустински рози”.

Според еден од креаторите на методот ова истражување бележи “огромен напредок” при изработката на материјали.