Научниците објаснуваат зошто е толку важно да спиеме 7 часа

од Stefanija Kuzmanovska

Според најновите истражувања, премалку сон може да доведе до здравствени проблеми, но истото важи и за прекумерниот сон. Поточно, сите абнормалности поврзани со спиењето може да влијаат на работата на вашиот мозок.

Студијата опфати повеќе од 40.000 луѓе ширум светот кои завршија онлајн анкета и серија тестови за ментални способности како што се расудување, меморија и вербални вештини.

Оние кои спиеле седум до осум часа ноќе биле подобри од оние кои спиеле повеќе или помалку, според прелиминарните резултати од студијата. Половина од учесниците рекле дека обично спијат помалку од 6 и пол часа ноќе.

Истражувачите забележаа голем број изненадувачки наоди. Луѓето кои спиеле четири часа или помалку изгледаа девет години постари, а количината на спиење поврзана со најдобрите резултати од тестот беше иста за сите возрасти.

Размислувањето и вербалните способности се две ментални вештини кои се силно погодени од абнормалности поврзани со спиењето, додека губењето на меморијата е промена на која не влијае количината на сон, пренесуваат медиумите.

Слични содржини