Научниците од Оксфорд развија НОВ, ЕФТИН и БРЗ ТЕСТ за антитела

од Stefanija Kuzmanovska

Меѓународен тим истражувачи предводен од научници од Универзитетот Оксфорд разви нов, поевтин и побрз тест за антитела кој ќе помогнат во борбата против Ковид.

Тестот открива присуство на антитела наместо коронавирусна инфекција и може да се прилагоди за работа на примерок од крв од прст, што го прави побрз и полесен за употреба, пишува „Фајненшл“.

Истражувачкиот тим го испита тестот на пациенти заразени со ковид, но сега се надева дека ќе го прилагоди за да ги идентификува оние кои успешно генерирале антитела по вакцината, во споредба со оние на кои можеби ќе им треба дополнителна доза, рече тимот на Оксфорд, кој вклучува научници од Тајван, Индија, Тајланд, Франција и Велика Британија.

Научниците исто така се надеваат дека широката употреба на нивниот тест ќе им помогне на истражувачите и официјалните лица да го следат нивото на имунитет во заедницата.

Антителата се голем протеин кој помага во одбраната на имунитетот против организмите кои предизвикуваат болести, како што е короната. И инфекцијата со вируси и вакцините можат да создадат антитела.

Веќе има неколку комерцијални тестови кои можат да откријат дали некое лице има развиено антитела против коронавирусот, но тие се скапи и обично треба да се анализираат во лабораторија. Ова е особено проблем во сиромашните земји.

Водачот на студијата, професорот Алан Таунсенд од Оксфорд, истакна дека нивниот тест е многу ефтин за производство и дека тие ги користат постојните средства од донации за да понудат 10 милиони тестови за истражувачки цели на земји кои не можат да поддржат високо-технолошки решенија.

Новиот тест исто така не бара никаква специјална опрема, ниту, пак, е потребно многу време за да се дадат резултати, а е прецизен. Точно ги идентификува антителата на спајк протеинот на коронавирусот во 90 проценти од случаите, со помалку од еден процент лажно позитивни стапки, велат научниците.

Тестот се базира на поврзување на дел од спајк протеинот на вирусот на површината на црвените крвни клетки. Кога се присутни антитела на вирусот, тие се групираат заедно и формираат куп црвени крвни клетки кои, како што истакнаа, се доволно големи за да се видат со голо око.

„Сè што треба да сториме е да измешаме ефтин реагенс со мал примерок од крв, а насобраните црвени крвни клетки по еден час покажуваат дали имало антитела во примерокот против новиот коронавирус или не“, објаснува Таунсенд.

Слични содржини