Научниците потврдија: Две растенија значително го намалуваат нивото на шеќер во крвта

од Nikola Popovski
446 прегледи

Две растенија кои можат да се користат како пијалок или храна значително го намалуваат нивото на шеќер во крвта кај дијабетес, покажуваат научните истражувања.

Иако лековите или инсулинот се најважни за регулирање на нивото на гликоза во крвта кај дијабетичарите, научните студии покажуваат дека и храната игра важна улога во контролирањето на оваа болест.

Така, научна студија објавена во „European Journal of Clinical Nutrition“ покажа дека додавањето на растението пискавец, кое расте и кај нас, го намалило нивото на шеќер во крвта за 25 отсто и ја зголемило толеранцијата на гликоза.

Научниците од Индија, кои го направија ова истражување, го спроведоа на луѓе кои боледуваат од дијабетес тип еден и се зависни од инсулин. Испитаниците беа поделени во две групи, од кои едната земаше по 10 грама семки од тилчец дневно во текот на 10 дена. Во таа група значително е намалено нивото на шеќер во крвта, како и холестеролот и триглицеридите, велат научниците, пренесува „Спутник“.

Но, пискавецот треба да се консумира со претпазливост, бидејќи може да доведе до хипогликемија, а кај луѓето кои имаат потешкотии со варењето, може да предизвика гадење и дијареа.

Кога станува збор за дијабетесот тип два, научниците утврдиле дека ѓумбирот е корисен за намалување на нивото на шеќер во крвта, кој може да се користи како чај, но и како капсули, сируп или течен екстракт.

Според студијата објавена во списанието на Корејскиот институт за истражување на храната, ѓумбирот значително го намалил нивото на гликоза во крвта на испитаниците, но и нивото на гликолизиран хемоглобин А1с, што се јавува поради нарушувања кога вишокот гликоза е во крв долго време. Дека гликолизираниот хемоглобин е и добар показател за тоа како организмот го регулира шеќерот во крвта во подолг временски период од два до три месеци, се наведува во текстот.

Слични содржини