Научниците од Индискиот институт за фундаментални истражувања откриле огромни дупки во магнетната обвивка на планетата. Магнетниот штит е најсигурна заштита на животот на Земјата од смртоносната сончева радијација.

Уште на 22 јуни ова лето физичарите ја истражувале моќна соларна бура, која удрила во
Земјата со брзина од 2,5 милиони километри на час. Магнетниот штит, наведнуваат истражувалите, неколку места на планетата е пробиен и Земјата останала без заштита. Физичарите потсетуваат дека при силната магнетна бура на почетокот на летото во одделни области на Северна и Јужна Америка радиокомуникациите се повредени.
Пресвртот во магнетосферата бил околу 2 часа, пишуваат научниците во својот извештај. И прават заклучок дека нашата планета може да се покаже како многу поранлива при сончевото зрачење отколку што сме го имале досега. Токму резултатот од сончевиот ветар е една од хипотезата за исчезнувањето на атмосферата на Марс.