Научниците од јужниот дел на Бразил објавија дека откриле двајца пациенти истовремено заразени со два различни соеви на коронавирус.
Тие рекоа дека се многу загрижени и дека нивната студија е прва во светот што потврди ко-инфекција со два вида на коронавирус.
Откритието е објавено на медицинската страница „medRxiv“, а студијата допрва треба да помине низ процесот на преглед и да биде објавена во научно списание, пренесува Ројтерс.
Двајцата пациенти се на возраст од околу триесет години и биле заразени на крајот на ноември со видот П.2, кој бил идентификуван во Рио де Жанеиро, додека биле позитивни на уште една мутација на вирусот.
Тие покажаче благи симптоми на болеста, како што се сува кашлица кај еден пациент и кашлица, болки во грлото и главоболка кај друг и никој од нив не побарал болничко лекување.
Случаите привлекуваат внимание на тоа колку мутации веќе може да има во Бразил и предизвикуваат научниците да се грижат дека коинфекцијата со различни видови може да го забрза појавувањето на нови мутации, според Ројтерс.
Тоа би бил уште еден еволутивен пат за вирусот, велат научниците.