Рубински морски змеј, суштество кое за прв пат беше откриено во 2015 година, за прв пат е уловено на камера во крајбрежјето на Западна Австралија.

Првата снимка од ова животно ја направија истражувачите на Институтот за океанографија Скрипс и Музејот на Западна Австралија.
Научниците успеале да снимат дури два рунски морски змејови во текот на експедицијата и тоа во период од само 30 минути, што им овозможило да откријат нови детали за мистериозното суштество.
Овој вид на морски змеј нема богати украси во облик на лист, што е карактеристика на веќе познатите две врсти.
Рубинскиот змеј е откриен во 2015 година,а како што велат научниците, Австралија крие уште многу суштества кои чекаат да бидат откриени.