Научно истражување: 12-те најчести причини за крајот на светот

од desk3
94 прегледи

12 се начините на кои светот може да биде уништен. Ова го покажува истражувањето на Универзитетот во Оксфорд, цитирано од Daily Mail. Тим од Институтот за иднината на човештвото на Оксфордскиот универзитет и фондација “Глобални предизвици” излезе со првата сериозна научна процена на апокалиптичните ризици со кои сме изправени.Некои од сценаријата се резултат на настани кои се надвор од нашата контрола. Пример судир на огромен астероид со Земјата, ерупцијата на супервулкан. Сериозна закана за човештвото носат и неговите сопствени достигнувања како вештачката интелигенција и нанотехнологијата. Технолошкиот напредок има потенцијал да донесе големи придобивки за луѓето, но може да доведе и до наша смрт.

Image_4601223_128

“Тоа е научна евалуација на сценаријата за човечката раса да отиде во заборав, но е и повик за акција, човештвото да се соочи со предизвиците да ги разгледа своите технолошки достигнувања во начин за справување со апокалипсата”, се вели во извештајот.

Глобална пандемија

Апокалиптична болест која човек веќе е во можност да се создаде, би била неизлечива (како Ебола), речиси секогаш со фатален крај (како беснило), исклучително заразна (слична на настинка) и со долг период на инкубација (како HIV). Ако овие деструктивни карактеристики бидат обединети во еден патоген, тој ќе биде во можност да ги комбинира функциите од различни вируси. Тогаш бројот на умрените ќе биде со исклучителни размери, поради модерниот транспорт и високата густина на населението.

Супервулкан

Опасноста од супервулкан е базирана на ерупција со моќност 1000 пати поголема од нормалното исфрлање на аеросоли и прав во атмосферата. Овој прав ќе апсорбира сончевите зраци и ќе предизвика глобална “вулканска зима” – со ефекти слични на оние предизвикани од астероид или нуклеарна војна. Со постојната технологија која човештвото ја има во моментов не може да се направи речиси ништо за да се спречат штетите.

Вештачка интелегенција

Вештачката интелегенција можеби е најдобро дискутираната апокалиптична закана. Станува збор за развојот на машини и софтвер до човечко ниво на интелигенција. Таквите интелигенции не можат да бидат лесно контролирани – ниту од креаторите , ниту од меѓународен орган.Губењето на на контрола може да доведе до можноста машините сами да ја засилуваат сопствена интелигенција. И ако тие одлучат дека човештвото нема никаква вредност, ќе се во можност да се изгради свет без луѓе. Во исто време вештачката интелигенција е со најголем потенцијал да е во костец со другите ризици, изложени во извештајот, што ја прави алатка со големи можности за помош на човештвото.

Екстремни климатски промени

Научниците во моментов предвидуваат дека климатските промени предизвикани од човековите активности, како додавање на јаглерод диоксид во атмосферата, би довеле до глобално кревање на температурите во просек за 4 ° C. Постојат и поекстремни предвидувања- затоплувањето да стигне до 6 ° C. Влијанието ќе биде најсилно во посиромашните земји, кои ќе станат ненаселени, заклучува студијата, и ќе доведе до масовни жртви, глад и масовна миграција.

Синтетичка биологија

Генетски инженеринг на супер-организми може да биде од корист за човештвото. Но пуштањето на супер-организам кој е насочен кон луѓето, или исклучително важен дел од екосистемот, може да заврши со катастрофа. Ова може да се случи со случајно или ненамерно испуштање од лабораторија во случаи на биовојна или биотероризам. Влијанието ќе биде полошо од било која пандемија.

Астероид

Може да звучи како научна фантастика, но судир со астероид може да доведе до крајот на светот. Големи астероиди судири со објекти со размер 5 или повеќе километри се случуваат еднаш на 20 милиони години. Кога тоа ќе се случи енергијата што ќе се ослободи при судирот ќе биде 100 000 пати поголема од онаа произведена од најголемата бомба, експлодирана некогаш на Земјата. Резултатот ќе биде уништена површина со големина на држава како Холандија.

По првичниот шок, катаклизмите ќе продолжат поради од облаци прашина кои ќе бидат исфрлени во атмосферата. Ова ќе доведе до климатски измени што ќе ги отежни снабдувањето на човештвото со храна и ќе доведе до политичка нестабилност.

Еколошки колапс

Целосното разбивање на глобалниот екосистем често доведува до масовно изумирање. Веројатноста за тоа зависи од степенот до кој луѓето зависат од самиот екосистем. Изумирањето може да биде одложено, преку начин на живот, кој е независен од системот. Постигнувањето на независен живот од глобалната еколошки систем, особено за време на падот ќе биде голем технолошки предизвик.

Нанотехнологија

Супер прецизното производство на атомско ниво, може да создаде материјали со нови својства, многу издржливи и “умни” и тоа би било од голема корист за човештвото. Нанотехнологијата, сепак, може и да е причина за најголемите проблеми во светот, вклучувајќи исцрпувањето на природните ресурси и чистата вода, загадување, климатските промени и дури сиромаштијата. Тие можат да доведат и до создавање на голем арсенал на конвенционални и нови оружја.

Нуклеарна војна

Стравот од апокалиптична нуклеарна војна меѓу Русија и САД ја тресе светската заедница со децении. Денес заканата може и да не е толку голема, но потенцијалот за подметнат или случаен нуклеарен конфликт не е намален. Според некои проценки заканата од нуклеарна војна е околу 10 од 100.

Дали ефектот од војната ќе биде засилен, зависи од тоа ќе се предизвика ли “нуклеарна зима” – создавање на облак високо во атмосферата, кој ќе ги блокира сончевите зраци, водејќи до температури под нулата и најверојатно уништување на озонската обвивка. За да се случи тоа, бомбите ќе треба да предизвикаат големи огнени експлозии, кои ќе ја соберат прашината доволно високо во атмосферата. Последиците ќе доведат до масовен глад и најверојатно земјите ќе се уништат.

Лоши влади

Ова се однесува на две главни категории веројатни државни катастрофи – неспособност на владите за решавање на главните проблеми и активно и намерно предизвикување на лоши услови за населението. Пример за првото е неуспех за намалување на сиромаштијата. За вториот – градење на глобални тоталитарни држави. Промените во технологијата, политиката и општеството можат да доведат до создавање на подобри влади, но можат да го направат и обратното.

Глобален колапс на системот

Тоа е широк поим и се однесува до економски или општествен колапс на глобално ниво, кој вклучува граѓански немири и разбивање на редот и законот. Тоа би довело до неможност за продолжување на човечкиот живот чисто физички. Има премногу непознати фактори, за да се предвиди каков точно ќе биде резултатот, но научниците набљудувале реакции во комплицирани поврзани системи како екологија и финансии. Оттаму произлегува и увереноста дека резултатот од глобален колапс на системот ќе биде фатален за човечкиот род. Можноста за колапс е поголема кога неколку мрежи зависат една од друга, посочуваат уште истражувачите.

Непознати последици

Еден од сценаријата за крајот на светот претставува збир од сите непознати ризици за човештвото – феномени кои не се тестирани или пак се појавуваат исклучително ретко и тоа во изолација. Заедно тие претставуваат значителна апокалиптична закана.