Науката објасни дали водата навистина може да излечи мамурлак

од Nikola Popovski
69 прегледи

Од сите совети за спречување на мамурлак, се чини дека пиењето вода за да се спречи дехидрација има најмногу смисла.

Сепак, новата студија не најде докази за поддршка на тврдењата дека пиењето големи количини вода по една ноќ пиење го ублажува мамурлакот следниот ден.

Меѓународен тим на истражувачи од Универзитетот во Утрехт ги анализирал податоците собрани од 13 претходни студии, барајќи каква било индикација за поврзаноста помеѓу дехидрацијата и консумирањето алкохол или помеѓу водата и интензитетот на мамурлакот.

Иако не постои единствена причина за мамурлак, алкохолот има диуретично дејство врз телото, зголемувајќи го производството на урина. Ова го зголемува ризикот од дехидрација, за која можеме да претпоставиме дека е причина за главоболки, болки во телото, гадење и општа слабост поврзани со мамурлакот.

Многу луѓе исто така пријавуваат дека се чувствуваат жедни и сува уста наутро по консумирање алкохол. Би било логично да се заклучи дека замена на изгубената течност треба да ги спречи овие симптоми.

Иако податоците не ја отфрлија можноста дехидрацијата и мамурлакот да се случуваат во исто време, немаше докази дека тие се директно поврзани, пишува „Science Alert“.

Едното не го предизвикува другото, што значи дека замена на изгубената вода нема да има многу ефект врз мамурлакот.

– Од оваа анализа се заклучува дека мамурлакот и дехидрацијата се две истовремени, но независни последици од консумирањето алкохол, пишуваат истражувачите.

Важно е да се има предвид дека сите прегледани студии биле спроведени на релативно мал број луѓе.

И покрај ограничувањата, се чини дека пиењето неколку чаши вода не ве спасува од мамурлак, што е поддржано од претходни студии кои сугерираат дека додека пиењето вода може да ги ублажи некои од ефектите од дехидрацијата, таа нема да ги елиминира другите симптоми на мамурлак , како што се силни главоболки.

Слични содржини