НАУКАТА ЦЕЛОСНО ЗАСТАНУВА ЗАД КАНАБИСОТ КАКО МЕДИЦИНСКИ ЛЕК

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Истражувањата кои се спроведени во изминатата деценија недвосмислено го потврдуваат делотворното влијание на канабисот. Тој ги ублажува болките и ги смирува воспаленијата од реума. Научно е докажано дека канабисот ги намалува симптомите на мултиплекс склероза, но ги намалува болките и треперењето предизвикани од Паркинсовата болест. Уште пред 50 години, во 1970 година, научно истражување открило дека марихуаната го намалува очниот притисок за околу 25 проценти. Иако се смета дека застапниците за легализација секогаш ќе ги набројуваат само позитивните страни на канабисот, а противниците секогаш ќе ги повторуваат негативните ефекти, сепак на крајот и двете гледишта, а пред се помогнати од науката, ќе се согласат дека позитивните здравствени ефекти на канабисот се далеку во предност од негативните.

На пример, верувањето дека марихуаната ја намалува функцијата на градите одмна е напуштено, сега се смета дека напротив таа ја подобрува функцијата на белите дробови, секако ако се конзумира во нормални и контролирани количини. Понатаму, марихуаната може да ги спречи или да ги намали нападите од епилепсија. За ова Универзитетот во Вирџинија уште во 2003 година објави научно истражување кое потврди дека канабисот делува на мозочните ќелии за опуштање, па така и ги попречува нападите.“- објавува порталот Нова Тв во текстот посветен на лековитата билка и можностите кои ги нуди.

Студијата на институтот Scripps Research во 2006 година потврдува дека канабисот го спречува таложењето на амилоидни наслаги на мозокот кои се поврзуваат со Алцхајмеровата болест. California Pacific Medical Center објави истражување со веродостојни резултати дека канабисот спречува рак на дојка кај жените. Студијата на Нотингемскиот универзитет потврдила дека се намалуваат воспаленијата кај цревата на човекот, а друга студија, на American Journal Of Medicine, дека корисниците на марихуана имаат подобар метаболизам во организмот, особено при конзумирањето шеќери.

Иако порано се тврдело дека употребата на марихуаната предизвикува шизофренија, сепак новите истражуавања го демантирале тоа, а во прилог на фактите се нуди американската статистика, дека откако е легализирана марихуаната низ повеќе држави воопшто не пораснал бројот на пациенти со шизофренија, туку напротив нивниот број е се помал. И за крај во овој дел со студиите за канабис, да напоменеме она што е познато, и против кое веќе никој не се ни обидува да застане, а тоа е лековитото дејство на канабисот против канцер, кардиоваскуларни заболувања, остеопороза, анорексија, голем број воспаленија.

Текстот пренесува дека од година во година се поголем е бројот на држави кои објавуваат закони со кои се регулира одгледувањето, продажбата и конзумирањето марихуана. Северна Македонија не е исклучок од трендот заоа што прва во регионот го легализираше канабисот за употреба во медицински цели, преку производство на масло. Оттогаш започна и издавањето лиценци од страна на државата за оние кои можат да инвестираат во производство на марихуана, за потоа сувиот цвет да го продаваат на фармаколошките компании за производство на масло. Сега маслото од канабис е достапно во аптеките и може да се купи без лекарски рецепт, а информациите од фармако- индустријата потврдуваат дека интересот за маслото е во постојан пораст, а следствено на тоа се зголемува и обемот на производство на канабис низ македонските ниви што подразбира зголемен интерес за издавање лиценци за производство.

Либерализацијата на марихуаната, нејзиното производство, медицинската, но и рекреативната употреба, како и пристапот на се поголемиот број држави во светот кон ова прашање е потврда само на едно- дека светот, односно медицината станала свесна за лековитите дејства на канабисот. Канабисот, особено во изминатата деценија не е табу тема, туку тема во прогрес од која полза извлекуваат и производителите, и фармацијата, но и пациентите и крајните корисници. Секако и државата како регулатор на целиот бизнис и издавач на лиценци. Иако постоеја многумина скептици, па и на македонско тло, дека канабисот еден ден ќе ги урне сите бариери и ќе стане составен и важен дел од медицината, сепак нивните неверувања се одамна надминати. Веќе светот зборува за легализација, за декриминализација, за лекување, за напредок на медицината за лекување со природни билки.

Слични содржини