Наумоски: Добро е за еден градоначалник да влезе и каде што спијат кравите и овците

од Nikola Popovski
468 прегледи

Сијалицата свети за секого. Така да во тој правец, ние во Ѓорче сите се знаеме и знаеме кои сме и што сме. По природа сум таков, изјави градоначалникот на општина Ѓорче Петров и кандидат на СДСМ за нов мандат, Александар Наумоски во емисијата „Само вистина“, одговарајќи на прашањето дали неодамнешното молзење на крава, што го објави на социјалните мрежи, ќе му донесе да ги придобие симпатиите на граѓаните.

Тој додаде дека е израснат во село и ги практикува убавините на селото.

-Со тоа сакаме да покажеме дека и Ѓорче и Скопје постои македонска традиција на здрав живот. Добро е за еден градоначалник да влезе и каде што спијат овците и кравите. Често знам да лупам пиперки и да мешам ајвар, но поради кампањата годинава бев ослободен, информира Наумоски.

Слични содржини