Наумоски: „Кога ќе ставиш сељачиште на чело на МКЦ, неминовно ќе заврши со Аца Лукас и Звезде Гранда“

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Никола Наумоски, кој беше шеф на кабинет на екс-градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, го обвини актуелното раководство на Младинскиот културен центар дека дозволило во нивните простории да се организираат аудиции за идни турбофолкери.

„Кога ќе ставиш сељачиште на чело на МКЦ, неминовно ќе заврши со Аца Лукас и Звезде Гранда аудиции за идните турбофолкери, еден ден да кажат дека кариерата ја почнале во МКЦ.

„Ехеее ја у МКЦ имам растено со Бени Шаќири и Аца Лукас шо ти е…” ќе викаат некои идни старлети на некои идни гостувања на турбо телевизиите, „без нив, немаше да бидам овде!”, стои во објавата на Наумоски.

„Хајп Телевизија“ е домаќин на оваа аудиција. Како што објавуваат, музичкиот караван се одржува денеска во кино-салата „Фросина“.

Претходно аудиции имале во Бања Лука, Сараево, Шабац, Тузла, а се најавуваат и во уште неколку градови на екс-ју просторите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HYPE ZVEZDE (@hypezvezde)

Слични содржини