Наумов: Банките да бидат внимателни, јавниот долг може да биде оспорен

од Vladimir Zorba
68 прегледи

 Дополнителниот министер за финансии Кире Наумов во емисијата Економски магазин, повторно упати совет до банките да бидат внимателни колку пари и позајмуваат на државата, бидејќи јавниот долг може да биде оспорен.

kire naumov(3)(1)

– Ние тврдиме дека најголем дел од задолжувањата што сега ќе се прават ќе се користат за изброни манипулации. Во моментот кога би бил оспорен јавниот долг, ако тоа се случи, оини кои што на овој начин запишале хартии од вредност, ќе ги изгубат овие средства, одоносно државата ќе нема обврска да ги враќа и да го алиментира тој дел од јавниот долг. Ние само ги советуваме да бидат доволно внимателни и да ја истераат целата процедура како што тоа го сторија трите најголеми банки во светот со евробврзницата – изјави дополнителниот замник Наумов. во емисијата на АлсатМ