Наумов: Бескаматни кредити за компании за најпогодените сектори

од Берта Китинска
412 прегледи

Објавен е првиот повик за директна кредитна поддршка на микро, малите и средните претпријатија преку Развојната банка на Северна Македонија.

Како што соопшти денеска директорот на Банката, Кире Наумов, во оваа прва фаза ќе се кредитираат најпогодените сектори: угостителство, туризам и товарниот транспорт, а целта е првично да го ги надминат проблемите со ликвдиноста. Аплицирањето може да почне од ноќеска на полноќ.

-Ќе се кредитираат угостителството, туризамот и товарниот транспорт. Целта е да ги надминат ликвидносните проблеми во овој почетен период. Кредитите се со 0 проценти каматна стапка, рок на отплата 24 месеци и грејс период од 6 месеци.Износите ќе зависат од бројот на вработени. За вработени до 10 лица – 5. 000 евра. Од 11 до 50 лица за износ до 15 илјади евра, и до 51 до 250 лица за износ до 30.000 евра. Минималниот износ е 3.000 евра. Почитувајќи ги препораките, целиот процес ќе се прави електронски. Неопходната документација ќе се доставува на мејл адреса [email protected].

Слични содржини