Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов денеска преку писмено соопштение ги повика домашните кредитори да се водат од државните интереси и интересите на граганите ,пред утрешната аукција на државни хартии од вредност на која владата планира да се задолжи за 15,44 милиони евра.
“Како најголеми доверители, банките, пензиските друштва и осигурителните компании мораат да имаат во предвид дека сите аукции на државни хартии од вредност коишто немаат согласност од дополнителниот заменик министер за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување, од аспект на нивно третирање како законски јавен долг.
Секое задолжување, поголемо од износот потребен за враќање на доспеани долгови по основ на државни хартии од вредност во наредните закажани аукции, ќе се третира како можност за злоупотреба на средства во предизборниот период”-пишува во реакцијата на Наумов.
(ВИДЕО) Aвтошколи од цела Македонија ги паркираа возилата пред Владата, бараат укинување на снимањето
На утрешната прва аукција на државни записи и обврзници во 2016 година,владата планира да позајми 13 милиони евра преку државни записи со рок на доспевање од 6 и 12 месеци а останатите 2,4 милиони евра ке се обезбедат преку државни обврзници на 10 и 15 години.