Наумов: Државата денеска се задолжи за 25.3 милиони евра, пет пати поголема сума од долгот

од desk3
188 прегледи

На денешната аукција на државни хартии од вредност Министерството за финансии не задолжи со нови 25.3 милиони евра. Министерот Ставрески запиша пет пати поголема сума од долгот што доспева за враќање. За враќање доспеваа само 5 милиони евра по основ на 3 годишна обврзница.

kire-naumov

Ако се има предвид дека се наоѓаме пред крај на месец, кога скоро сите месечни исплати од буџетот се реализирани, а би требало да бидат изразени приливите во буџетот, тогаш единствен заклучок кој се наметнува е дека во овој момент буџетот на РМ е пред финансиски колапс. Заклучно со февруари месец дефицитот изнесуваше 73 милиони евра или 23.5% од планираниот дефицит за цела 2016 година. Ако се продолжи со оваа динамика, дефицитот до крајот на годината ќе изнесува повеќе од 420 милиони евра. Со тоа јавниот долг ќе се приближи до износот од 5 милијарди евра.

Списокот со спорни гласачи ДИК го објави на интернет

Тактизирањето на Управниот суд конечно да се изјасни по тужбата поднесена од моја страна за задолжувањата на домашниот пазар, овозможи на товар на идните генерации да се запишат нови 70 милиони евра нето долг од почетокот на годината. Овој долг ќе биде преиспитан од аспект на негово третирање како законски јавен долг на Р.Македонија.

Интергрален текст