Наумов: Нов историски износ на јавниот долг од 4,33 милијарди евра

од desk3
96 прегледи

Само во Република Македонија е можно за три месеци да се зголеми јавниот долг за 105 милиони евра, а секторот за јавен долг и Министерството за финансии со манипулации да се обидат да прикажат дека јавниот долг се намалил. Како и секогаш во последните осум години продолжуваат да манипулираат со износот на проектираниот бруто домашен производ, за да прикажат понизок износ на јавниот долг како процент од БДП.

kire-naumov

Никаде во светот износот на јавниот долг како процент од БДП во соодветниот квартал, не се пресметува во сооднос со проекцијата за растот на БДП до крајот на годината, туку се пресметува врз основа на податоците за последните четири квартали.

ПССЕ: Да се најде начин за отповикување на помилувањето, загржиженост за ИС и медиумите..

Во нормални околности износот на проектираниот БДП во овој момент треба да изнесува 9.176,3 милиони евра, како збир на предвидениот БДП од прв квартал од 2016 година со соодветниот раст и реализациите од вториот, третиот и четвртиот квартал од 2015 година. Новиот историски износ на јавниот долг од 4,33 милијарди евра е всушност 47,2% од БДП, што е уште еден историски неуспех на креаторите на економските политики во Р.Македонија.

Интегрален текст