Наумов: Власта продолжува вештачки да предизвикува нестабилност на девизниот пазар

од desk3
109 прегледи

kire-naumov
Без да навлегувам во причините зошто ВМРО ДПМНЕ, наместо Министерството за финансии излезе со реакција на моето соопштение во врска со најавената аукција на државни хартии од вредност, го објавувам проспектот за наредната аукција на 3-месечни државни записи со девизна клаузула и проспектот на последната одржана аукција на 3-месечни записи исто со девизна клаузула.

За подобар квалитет кликнете на фотографијата

sl1.jpg

Последната аукција на 3-месечни записи со девизна клаузула е одржана на 01.12.2015 година и е со пониска каматна стапка од аукцијата закажана за 10.05.2016 година.

Могерини во посета на Приштина, а ќе скокне ли до Скопје?

ВМРО ДПМНЕ бескрупулозно продолжува да ги манипулира граѓаните и се обидува да ги дефокусира од вистинските проблеми.

За подобар квалитет кликнете на фотографијата

sl2.jpg

Зголемувањето на каматната стапка на благајничките записи и задолжувањето со девизна клаузула и повисоки камати на државните записи се мерки со кои оваа власт свесно го продолжува започнатото сценарио за вештачки предизвикана нестабилност на девизниот пазар, со цел вината за лошо водените економски политики да ја префрли на опозицијата.

Тоа го прават на товар и по цена која ќе ја плаќаат сите граѓани и деловни субјекти во наредниот период.

Слични содржини