Наумов: Задолжувањето на Владата без согласност на доп.зам.-министер за финансии е незаконско!

од desk3
105 прегледи

 

„Министерството за финансии денеска запиша 34 милиони евра во државни хартии од вредност. Иако за враќање доспеваа 29 милиони евра, министерот Кирил Миноски одлучи да го зголеми јавниот долг за нови пет милиони евра“, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за економија, Кире Наумов.

kire-naumov

Според Наумов, „незаконската еврообврзница од 450 милиони евра за оваа неодговорна власт не е доволна за сервисирање на редовните обврски на буџетот“.

– Наместо во најмала рака задолжувањата на домашниот пазар на хартии од вредност да се во рамките на износот на долговите што доспеваат за враќање, министерот Миноски продолжи со трупање нови долгови. Повторно укажувам дека секое вакво задолжување на Владата без согласност на дополнителниот заменик-министер за финансии е незаконско – вели Наумов.

Тој предупреди дека ќе ги искористат сите правни средства што им стојат на располагање за да го оспорат ваквото незаконско задолжување на товар на граѓаните и сите задолжувања ќе бидат преиспитани во предизборниот период.
За случајот се произнесоа и од Министерството за финансии. Остаму информира дека денешната аукција на државни записи е во согласност со календарот на аукции за државни хартии од вредност.

– Средствата кои се јавуваат како разлика помеѓу побараните на проспектот и реализираните со аукцијата ќе останат како депозит за следната година. Потсетуваме и дека за да го намали нето-задолжувањето на основа на државни хартии од вредност, Министерството за финансии изминативе месеци не одржа шест аукции предвидени со календарот – се вели во реакцијата на Министерство за финансии.

МЕТА