Наумовски: Откажан е само тендерот, но не и целиот проект БРТ

од Nikola Popovski
416 прегледи

На одлуката на Арсовска гледам како на личен анимозитет, кон тоа што е сработено од претходната градска администрација. Не постигна ниту една добра причина и зошто да се откаже проектот БРТ, ниту има причина зошто Скопје треба да продолжи да се развива онака како што тргнало со нефункционални линии на градски автобуси и уште понефункционални линии на приватни автобуски превозници, вели поранешниот вработен во градската администрација на град Скопје и дел од Кабинетот на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, Никола Наумовски во емисијата „Утрински брифинг“.

Според него, градоначалничката Арсовска нема план и идеја како ќе одговори на идејата за БРТ и што нуди за возврат.

-250 автобуси е само подновување на возниот парк. Имате цела една елаборација на проектот со купови папки за БРТ, со кои се образложува потребата и решението за овој превоз, а од друга страна добивате градоначалничка која со само една реченица ви го отфрлува проектот и не троши време за да објасни зошто го откажува договорот. Сепак сакам да нагласам дека откажан е само тендерот и тоа не значи дека е откажан БРТ. Тендерот може повторно да се распише и да има нови услови. Прашањата за водоводната цевка и зеленилото се одговорени и се достапи за јавноста, вели Наумовски.

Слични содржини