Наумовски: Во интерес на СДСМ е новиот премиер да биде надвор од актуелната влада

од Nikola Popovski
855 прегледи

Поранешниот амбасадор и вицепремиер, Васко Наумовски смета дека во интерес на СДСМ е да се обиде да донесе нова приказна, личност која што нема да биде дел од сите оние процеси што беа карактеристични за владата.

-Потребна е личност кој што нема да биде поврзана со коруптивни скандали. Можно е да биде некој што е член на владата, но подобро да биде мандатар личност кој не е дел од актуелната влада. Личност која ќе може да ги обедини сите оние постоечки крила во СДСМ. Ќе треба да се занимава со внатрешната поделеност, скопското крило, како и приврзаниците на поранешниот лидер Црвенковски. Новиот мандатар треба да го спои членството и да ги предводи реформските процеси, посочува Наумовски во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини