Госпоѓата Арсовска не демантираше за пасошот и личната карта, само рече дека тоа е небулоза. Треба да се прави разлика меѓу партиски функции и државни функции, вели политичкиот аналитичар и професор, Тони Науновски во емисијата „Само вистина“.
Според него, претседателот на државата и претседателот на Владата располагаат со сознанија кои што доаѓаат од различни релевантни извори и штом претседателот на владата кажа дека госпоѓата има бугарски пасош и лична карта, јавноста не треба да има сомневања.
Науновски вели дека многу е зачудувачки и против секоја елементарна логика, тоа дали Арсовска е независна или кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
-Не може црното да биде бело или сте независни или сте кандидат на партија. Тоа покажува валкани пропаганда и некои евтини трикови, со цел да се премисли јавноста и да се отргне вниманието, смета професорот.