Влезот во ЕУ не може никој да го исполни. Не постои начин да се направи разумен компромис поради бескрупулозните барања на Бугарија, вели политичкиот аналитичар и универзитетски професор, Тони Науновски за емисијата „24 анализа“.
Според него, Софија бара стриктно и едно толкување на клучни идентитетски обележја на македонскиот народ и историја.
„Ако вие немате ниту малку сензитивност за кон другата страна за двојно гледање на нештата, тогаш останува да побегнете кон други решенија. Единственото рационално решение кон кое што треба да се сврти власта е да почека да продолжи процесот на преиспитување на принципот на одлучување со консензус со ЕУ. Има се погласни најави од германската дипломатија дека принципот на консензус е неодржлив. Да почекаме ЕУ да сфати дека Бугарија претерува“, смета Науновски.