„Ние сме далеку од самата идеја за ЕУ. Ваква масовна хистерија немаше и по Менгеле по 40-тите, 50-тите години од минатиот век“, изјави политичкиот аналитичар Тони Науновски за емисијата „Само вистина“, коментирајќи ја целата оваа ситуацијата со појавувањето на поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков.
Според него, постои нешто што се вика правна држава и основни човекови слободи и права.
„Никој не е виновен се додека не е докажано дека е виновен пред надлежните органи. Ме загрижува оваа масовна хистерија како македонското општество се претвора во толпа со лимитирно искористување на рационалните капацитети. Особено е видливо што сета хајка ја водеа некои личности во раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тие сакаа да падне крв и ги притискаа институциите на системот“, вели Науновски.