Науновски за бугарското вето: Ова е слично на спорот со Грција, но со една разлика на наша штета

од Nikola Popovski
325 прегледи

„Не е изненадување ова денес. Ова е нивниот консензуален политички став веќе подолго време, во врска со можноста за продолжување на европската перспектива на Македонија“, вели политичкиот аналитичар Тони Науновски во емисијата „Само вистина“.

Тој повтори дека позициите на Бугарија се кристално јасни.

„Ова е нешто слично со спорот со Грција,но со една разлика на наша штета. Сега Бугарија за разлика од Грција, не дозволуваат можности за двојна интерпелација на еден договор. Нивните барање се апсолутистички. За разлика од Преспанскио договор, каде постои можност за поинакво толкување на некои членови, Бугарија со историска тежина не дозволува македонско читање на историјата“, потенцира Науновски.

Слични содржини