Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец e прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во текот на денот во најголемиот дел од земјата ќе преовладува сончево време со мала облачност која во вечерните часови ќе се зголемува.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -11 до -3 Целзиусови степени, додека максималните од 3 до 12 степени.