Наутро студено, преку ден сончево

од Nikola Popovski
199 прегледи

Наутро студено, а преку ден сончево со мала облачност која во вечерните часови ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Ваква временска прогоноза доаѓа од УХМР за денешниот ден.

Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2 степени, а максималната ќе достигне и до 14 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко, со максимална температура до 10 степени Целзиусови.

Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите.