Наутро свежо, преку ден топло

од Nikola Popovski
8 прегледи

Времето денеска во раните утрински часови ќе биде посвежо, додека во текот на денот сончево и релативно топло со мала до средна облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, додека максималната од 22 до 29 степени.

Во Скопје се очекува утрото да биде посвежо, додека во текот на денот сончево и релативно топло. Минималната температура ќе се спушти до 8, додека максималната ќе достигне до 27 степени.

Синоптичарите најавуваат релативно топло време и во следниот период. Во вторник и среда ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни и со услови за појава на грмежи. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на температурата.

Слични содржини